Монографија по повод 100-годишниот јубилеј на Стопанската комора


Што се случи и како дојде до нашето преструктуирање? Кој и кога не напушти? Кој остана со нас? Кои нови форми ги создадовме? Кој произлезе од Комората? Коморски сенат, Клуб 100, Совет за напредни технологии, Совет за унапредување на индустриското производство и извозот, Совет за унапредување на квалитетот на високото образование и стратешките истражувања, Совет за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, Советот на странски инвеститори, Македонската асоцијација на рударството, Македонската енергетска асоцијација, Судот на честа, Тим 40.

Ова е само дел од содржината на Монографијата што ја изготви Стопанската комора на Северна Македонија по повод 100-годишниот јубилеј од постоењето.

-Во Монографијата ќе прочитате и за сите незаборавни моменти од работата на  , вклучувајќи ги нејзините реорганизации, кој не напушти, кој ни се придружи, а и кој остана верен на Комората. Во 2004 година се виде дека ниту заживеа новиот плурален коморски механизам, ниту Стопанската комора успеа да се одржи на нозе. Барајќи решение, во септември 2004 година се донесе одлука да се формира Одбор за трансформација на Комората, кој многу темелно ја прифати таа работа и ги водеше работите. Успеа да ја реконституира Комората, според одредбите на новиот закон од декември 2004 година, по којшто најголем дел од членките се вратија или се задржаа. Изненадување беше дека традиционалните дејности останаа најдоследни на Комората, го прифатија новиот начин на работа и веднаш почнаа со активности. Такви се металургијата, рударството, градежништвото, земјоделието, текстилната индустрија…, наведува Комората.

Имаше, додава, и такви кои во тешките моменти ја напуштииле.

-Можеме да зборуваме сѐ, можеме да најдеме оправдание за сѐ, но тргнувајќи од основните вредности коишто постојат во животот и во општеството, кога требаше тие да и помогнат на Комората, тие избегаа. АТАМ, ХОТАМ, МАСИТ, Здружение на банкарството…Тоа не смее да остане незабележано, зашто Комората е институција која е организирана на еснафски принцип, истакнува Комората.

GS1 Македонија, позната по бар-кодовите, Македонското кредитно биро, Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ, Пакомак…. ова се организациите, кои произлегоа од Комората, но никако не ја намалија важноста и значењето на Стопанската комора на Северна Македонија, како репрезент на бизнисот во Македонија, туку напротив, уште повеќе ја зајакнаа сликата за Комората како симбол на обединување, но и како „расадник“ на нови идеи, форми на дејствување, бизнис-услуги и активности кои ги поврзуваат бизнисмените од земјава и регионот со бизнисмените од било која страна на светот.

-Постојаниот избран суд – Арбитража и пред 30 години и денес, континуирано е при Комората како постојана арбитражна инстситуција која дава поддршка во решавањето на споровите меѓу деловните субјекти, во согласност со важечките Арбитражни правила. Можеби понекогаш неосетно или невидливо, друг пат агресивно и отворено, но секогаш Комората имала и ќе има своја улога во развојот на македонската економија, стои во соопштението за Монографијата.