Моника Левински продуцира серија за аферата со Бил Клинтон


САД- Аферата на американскиот претседател Бил Клинтон и Моника Левински, како и процедурата за импичмент во 1999 година, ќе биде екранизирана во рамки на телевизиски серијал „Американ крајм стори“.

Серијата ќе биде емитувана пред претседателските избори следната година, а меѓу продуцентите е и Моника Левински, која имаше афера со Клинтон додека беше приправничка во Белата куќа.

Неа во серијата ќе ја глуми Бини Фелдстин, додека Сара Полсон ќе ја игра Линда Трип, која тајно ги снимала приватните телефонски разговори во кои Левински зборувала за аферата со претседателот.

Сè уште не е познато кој ќе ја игра претседателската двојка во серијата, која ќе биде базирана на книгата на Џефри Тибун од 2000 година.

Моника Левински во интервју за „Венити фер“ рекла дека е прилично исплашена поради учеството во продукцијата на серијата.