Моника Белучи го смени имиџот: Помлада со кратка коса


Италија- Италијанската актерска ѕвезда, сон на сите мажи во светот, драстично го смени изгледот. Моника Белучи (55) која досега бевме навикнати да ја гледаме исклучиво со долга коса-ја скрати косата и избра шишки. Новата боб фризура, актуелен тренд на холивудска сцена, ги изненади фановите.

Некои од фановите коментираа дека новиот, свеж изглед на глумицата се должи на влијанието на нејзиниот нов партнер, 18-години помладиот галерист Николас Лефевре.

Моника, мајка на две ќерки од 14 и 9 години, добиени од бракот со актерот Винсент Касел, го промовираше новиот изглед во Рим, на гала настанот, во организација на Академијата на филмските уметности во палатата Барберини. Беше шик облечена, во машки костум и женствен корсет.