Монако: Принцот Алберт ќе ѝ плаќа 12 милиони евра годишно на Шарлин да се појавува покрај него


 

Принцот Алберт од Монако потпишал „ултра доверлив договор“ да ѝ плаќа на својата проблематична сопруга Шарлин повеќе од 12 милиони евра годишно за да ги исполни нејзините кралски должности.

Водечките француски медиуми објавија дека 64-годишниот владетел на медитеранското кнежевство прави сѐ за да ја задржи принцезата Шарлин (44) „покрај него на јавни настани“.

Тоа следи по нејзиното враќање по долг период на болест што вклучуваше речиси една година престој во нејзината родна Јужна Африка, а потоа неколку месеци лекување во Швајцарија.

Големите француски медиуми кои се специјализирани за вести за славните личности рекоа дека ненадејното повторно појавување на Шарлин за време на викендот било добредојдено од сите набљудувачи на Кралството.

„Но, принцезата не се врати без цена“, објави магазинот Voici. „Таа го натера нејзиниот сопруг да потпише ултра доверлив договор. Условите вклучуваат Алберт да ѝ плаќа на Шарлин „12 милиони евра  годишно“, тврди медиумот.

Откритијата беа проследени од ривалската публикација Paris Match Belgium, која пишува: „Принцот Алберт сам ќе ѝ плати уредна сума на принцезата за таа да се појави покрај него на јавни настани“.

Настаните на кои Шарлин сега би можела да биде договорно обврзана да присуствува ги вклучуваат Гран при Ф1 и хуманитарниот бал „Роуз“.

Кралската палата во Монте Карло одбива да разговара за конкретни финансиски аранжмани, но кнежеството плаќа околу 45 милиони еврагодишно за покривање на тековните трошоци на институцијата.

Меѓутоа, членовите на кралското семејство не се функционери со плата, што значи дека Шарлин би се потпирала на Алберт – милијардер сам по себе – за нејзините сопствени пари.

Шарлин и нејзиниот сопруг се појавија со нивните седумгодишни близнаци, принцезата Габриела и принцот Жак, на рагби турнирот „Сан Девоте“ минатата сабота.

Пред ова, Алберт и Шарлин, родена во Зимбабве, ретко беа видени заедно, бидејќи таа помина околу 10 месеци во Јужна Африка минатата година.

Поранешната олимписка пливачка се заразила со инфекција на синусите за време на добротворно патување, а поради тоа заврши во болница.

Шарлин конечно се врати во Монако минатиот ноември, но потоа замина во Швајцарија да се лекува од, како што Палатата го нарече „длабок општ замор“.

Има извештаи за несогласување меѓу принцот и принцезата уште од почетплпт на нивниот брак од висок профил во 2011 година.

Во тоа време, Шарлин беше наречена „Невеста бегалка“ од француските медиуми, откако наводно се обидела да побегне пред свадбата, но извештаите секогаш беа демантирани.