МОН тврди дека „тимс“ функционира, само некои училишта имале мали проблеми


По дојавите поставени експлозивни направи во училиштата, учениците денеска требаше да продолжат да следат настава онлајн, но не можеа да се најават на апликацијата „тимс“.

Од Министерството за образование велат дека апликацијата функционира, а дека утрово добиле известувања од неколку уличишта дека имало прекин во функционирањето, но подоцна се приклучиле.

„Teams апликацијата функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока. Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на Teams, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки“, валат од МОН за „Независен“.