МОН со нови услови за стипендистите во странство (видео)

Министерството за образование и наука и оваа година продолжува со финансиска поддршка за студентите кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската листа.
Целта е државата да ги поддржи младите луѓе кои ќе стекнат нови знаења на ремонирани, високообразовни установи.
– Овојпат направивме модификации на условите за корисниците по стекнување на дипломата, за да бидеме посигурни во ефикасноста на оваа мерка, која чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо. На годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз – рече министерката за образование Весна јаневска на денешната прес – конференција.
Конкурсите за сите видови студирања се објавени на веб-страницата на МОН.
Можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/26 година ќе се запишат на еден од првите 10 рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите 100 рангирани, од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математика, меѓународно право, економија и финансии, физика, биологија, хемија, медицински науки и генетика, согласно последната објавена листа од Шангај.
Крајниот рок е септември 2025 година.
Останува обврската да се вратат во Македонија и да работат двојно повеќе време од времето на студирањето.
Но, оваа година има и некои новини.
Нови услови во однос на обврската да работат во Македонија
По враќањето тие треба да се пријават во МОН и за првпат да се регистрираат на e-registar.mon.gov.mk, воведен оваа година, а ќе биде споделен со државните ограни, Универзитетите, стопанските комори во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако на студентот не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, не му престанува обврската да работи во државата. Ако студентот по три месеци од дипломирањето се вработи во некоја комапнија од Fortune top500 листата, тогаш надвор од Македонија може да остане најмногу три години, со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обрската да работи во државата двојно повеќе времме од времето на студирањето.
Ако студентот одлучи да не се врати во Македонија, ќе мора да ги врати парите, онолку колку што МОН му исплатило за студирање, во рок од две години по студирањето.
Регистарот е отворен за сите кои студирале на сметка на државата, а во него се содржани податоци за статусот на студентот, работниот ангажмна, видот на студии и друго… Ќе треба да се ажурира еднаш годишно, а студентот може да одбере неговиот профил да биде видлив и така да стапува во контакт со други научно-образовни установи или со работодавачи.
Прес – конференција на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.