МОН се координира за преселување на „Сами Фрашери“ во поранешната касарна во Куманово


Министерството за обрзование и наука ги презеде сите активности и се координира со останатите институции за да им се овозможи на средношколците од кумановската гимназија „Сами Фрашери“ да се префрлат од објектот на поранешиот ЗИК, каде што сега се изведува наставата, во поранешната касарана „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Ова го изјави министерот Арбер Адеми кој денеска во Куманово присуствуваше на јавна дискусија од серијата што МОН ги организира низ градовите во земјава за нацрт-законите за основното образование и за наставници и стручни соработници.

Одговарајќи на прашање Адеми иизјави дека три објекти од поранешната касарна се во сопственост на МОН, дека како институција се во постојана комуникација со Агенцијата за просторно планирање каде се изработува ДУП-от и заедно со неа и со Министерството за транспорт и врски работат на административните постапки. Потоа МОН, како што рече, ќе распише јавна набавка за техничка документација, а потоа и  јавна набавка за реализација на градежни активности. Очекува дека овие административни пречки ќе бидат набргу надминати.

И на денешната дискусија во врска со новиот нацрт-закон за основно образование, Адеми беше прашан зошто не е намален бројот на часови во нижите одделенија, а тој повторно одговори дека анализите на ОЕЦД и УНИЦЕФ покажуваат  дека учениците во државата до 14 години имаат година и половина  помалку образование или над 900 часа помалку споредено со нивните врсници од другите држави.

то би очекувале од ваква ситуација од страна на Владата од МОН, да ги намалиме повеќе кога  и резултатите ни се слаби на меѓународните тестирања, кога учиме помалку, имаме помалку наставни часови и од Словенија и од земјите од ОЕЦД. Така што, тоа колку часови би имало секое дете во секоја година во секое одделение, тоа треба да оди по природен пат, каде што МОН ќе биде вклучено со подзаконски акти, тоа треба да се уреди, но според податоци, според анализи, а со закон никако. Тоа не треба да се ограничуваниту досега  било ограниченониту знам дека во некоја земја со закон се ограничува бројот на наставни часови за децата, изјави Адеми.