Момчето повикало полиција по масакрот: „Јас сум Коста Кецмановиќ, застрелав неколку луѓе“ (Фото/Видео)


Момчето кое денеска уби девет лица на училиште повикало полиција и сам се пријавил.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјави дека ученикот повикал полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“, и пријавил дека пукал во неколку лица.

Список

Како што изјави Милиќ, тој ја избрал училницата во која се одржува часот по историја бидејќи била најблиску до влезот на училиштето.

„По пристигнувањето во училиштето пукаше во обезбедувачот“, изјави Милиќ и додаде дека момчето однапред го испланирало убиството.

 

Во ранецот имал два пиштоли и четири молотови коктели, соопшти Милиќ.

Дел од родителите сведочат за некои медиуми во Србија, дека Кецмановиќ пријавувал дека е жртва на насилство. Министерот за образование ги потврди овие наводи, велејќи дека во истата болница, каде денеска им се укажуваше помош на неговите соученици, Коста бил за санирање на расекотина на усната, но дека тоа се случило на часови по глума, во приватна установа.

Како што потврди министерот за внатрешни работи, уапсен е таткото на момчето кое го изврши масакрот.  За двата пиштоли имале законски дозволи од властите.

„Таткото на момчето тврди дека двата пиштола биле заклучени во сефот со шифра. Меѓутоа, детето очигледно ја имало шифрата веднаш штом го поседувало пиштолот, како и муницијата“, рече министерот за внатрешни Гашиќ.

Тој додаде дека момчето со татко му одело на стрелиште и вежбало гаѓање. Гашиќ најави дека ќе бидат преземени мерки против неговиот татко.

За сите кои беа сведоци на денешниот трагичен настан обезбедена е психолошка поддршка од Центарот за ментално здравје, а во тек е обезбедување на две телефонски линии за поддршка на овие лица.