Момчето на уапсената потпретседателка на Европскиот парламент: „Земав поткуп од Катар“
Франческо Џорџи, момчето на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, призна дека примил поткуп и го молеше судот да ја ослободи Каили за таа да биде со нивното дете.
Франческо Џорџи, 35-годишното момче на грчката социјалистка и потпретседател на Европскиот парламент, Ева Каили, се „скрши“ пред судот во Брисел. Признал дека примил поткуп од Катар и молел неговата девојка да биде ослободена од притвор за да биде со нивното дете. Тој исто така рече дека Каили не била вклучена во примање мито.
Каили и Џорџи се обвинети за корупција, перење пари и организиран криминал. За истото беа обвинети и нивните наводни партнери: поранешниот пратеник во Европскиот парламент Пјер Антонио Панцери и лобистот Николо Фига-Таламанка. Белгиската полиција верува дека добиле пари од државата од Персискиот Залив – веројатно Катар – за да лобира за тоа во парламентот.
Полицијата изврши претрес во станот на Каили, како и во станот на Панзери и заплени 1,49 милиони евра. Џорџи призна дека „правел сѐ што можел за пари што не му требале“, според судските документи што ги виделе белгискиот весник „Ле Соар“ и италијанскиот весник „Ла Република“, а објавени од „Дејли мејл“.
„Ќе направам сѐ што е можно за да ја ослободам мојата партнерка за да може да се грижи за нашата 22-месечна ќерка“, изјави Џорџи.
Во изјавата што ја дал на 10 декември, Џорџи рече дека тесно соработувал со Панзери и дека парите што ги добил немаат никаква врска со неговата партнерка. Тој додаде дека е „обичен човек“, но дека го „преплави“ чувството на „морална должност“ кон Панзери.