Момче во Германија се маскирало во диносаурус, тоа му го спасило животот


 

Поставен костим на диносаурус спаси еден возач од тешки повреди во несреќа во јужната германска покраина Баварија, објави локалната полиција.

Имено, 24-годишно момче во костим на диносаурус, возел по автопат во близина на градот Алтенштад ан дер Валднаб и од нејасни причини излетал од патот со мал автомобил и неколкупати се истумбал.

Возачот останал неповреден и веднаш по несреќата успеал да се извлече од автомобилот.

Кога полицајците го прашале за костимот од диносаурус, рекол дека му се видел дебел и многу топол, па решил да го облече.

Полицијата верува дека оваа несекојдневна облека всушност оф спасила од тешки повреди.

Поради претпазливост однесен е на лекарски преглед, но набрзо е пуштен.