Момче од тетовско Камењане се проби низ обезбедувањето на Бернабеу и стигна до Мбапе (фото)
Мадридски Реал синоќа на „Бернабеу“ го совлада Лас Палмас со убедливи 4:1 во 20. коло од Ла Лига и скокна на првото место на табелата. Гостите погодија уште во првата минута, но Килијан Мбапе двапати погоди, а Родриго и Брахим Дијаз по еднаш за успешен пресврт на Реал.
По натпреварот , еден мал навивач се проби низ обезбедувањето, притрча до Мбапе и успеа да го земе дресот на својот идол пред редарите да ги разделат. Се испостави дека момчето е од Македонија, по име Реис Фејзи, а е родено во село Камењане, тетовско.
Vogëlushi shqiptar, Reis Fejzi nga Gostivari u fut në fushë pas ndeshjes Real Madrid – Las Palmas dhe mori fanellën e Kylian Mbappe-s! 😍🤍🇦🇱 pic.twitter.com/l40yllYt1y
— LIG Sport (@lig_sport) January 19, 2025
Мбапе сега постигна 17 гола за Реал оваа сезона. Гостите речиси половина час играа со играч помалку бидејќи во 64. минута директен црвен картон доби дефанзивецот Бенито Рамирез кој влезе во игра на почетокот на вториот дел. Мбапе беше во центарот на вниманието и по крајот на натпреварот.
Moments mbappe berikan Jersey kepada fansnya usai laga berakhir| respect ‼️🤝🤧 pic.twitter.com/KRMuoAd6JX
— irwanmusk10sports (@Irwanmusk10) January 19, 2025
Кралскиот клуб викендов на најдобар можен начин ги искористи киксовите на Атлетико и Барселона. Атлетико загуби од Леганес, а Барселона ремизираше со Хетафе и Реал сега е прв со два бода повеќе од Атлетико и седум од Барселона.
MY MAN OF THE MATCH 9️⃣🤍, Kylian Mbappé give his jersey to a kid 🥺🤍 pic.twitter.com/zIaz1zHtuG
— #10 (@dumpys10_) January 19, 2025