Момче од амазонско племе почина од корона вирус


Тинејџер кој живеел во изолирано амазонско племе почина од корона вирусот, а неговата смрт предизвика и загриженост поради влијанието на пандемијата на староседелците во регионот.

Момчето на возраст од 15 години од племето Јаномами, кое живеело во селото Рехебе на брегот од реката Урарикоера, почина во четвртокот, потврди бразилското министерство за здравство, пренесе Си-ен-ен.

Тој од 3 април беше на одделението за интензивна нега во болницата Рораима во Боа Виста, главниот град во државата Рораима. Бразилскиот министер за здравство потврди дека момчето било позитивно на корона вирус.

„Имаме потврден смртен случај во племето Јаномами кој многу не загрижува. Загрижени сме за здравјето на заедницата“, рече министерот.

Племето Јаномами живее во прашумите и планините на северен Бразил, како и во јужниот дел на Венецуела. Тоа е најголемото изолирано племе во Јужна Америка, а денес има околу 35.000 луѓе.

Надлежните сметаат дека вирусот веројатно се проширил поради рударите кои илегално влегле на територијата на спомнатото племе.

„Без сомнеж може да кажаме дека главен фактор за ширењето на корона вирусот во овој случај околу 20.000 рудари кои влегуваат и излегуваат од територијата без некаква контрола. Племето Јаномами е најчувствително на корона вирусот и мора да се заштити затоа што постои ризик од геницид“, соопштено е од Социјалниот институт.

Споменатото момче е трет припадник на староседелската популација кое умре од корона вирусот.