Момче натепало двајца малолетници во Ново Лисиче


Десетина минути по полноќ, ноќеска, на бул.“Видое Смилески-Бато“ од полициски службеници од Полициската станица Аеродром бил приведен Н.Ј.(22) од Скопје поради тоа што на 30.12.2022 околу 23:20 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром физички нападнал двајца малолетници, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.