Момче нападнато во автобус на ЈСП со број 56


Фото: Б. Грданоски

Во вторникот, во 20 часот во СВР Скопје, Х.А.(19) од село Чајлане пријавил дека околу 19.45 часот во автобус број 56 на ЈСП, кој сообраќал на релација Скопје – село Бојане, по претходна расправија бил физички нападнат од С.З., Х.Н. и М.Н., при што се здобил со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.