Момче на возраст од 22 години почина од Ковид-19


Велешкиот градоначалник, Аце Коцевски соопшти во понеделникот дека на Инфективната клиника во Скопје како последица од компликации од Ковид-19 починало 22-годишно момче од Свети Николе.

Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации минатата седмица било итно пренесено во Скопје.

Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон.