Момче ја избегна трагедијата во Посушје, заминало порано за да оди на работа


Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое по игра на случајот ја избегна трагедијата што ги снајде неговите другари.

Како што дознава „Слободна Далмација“ од локалното население момчето на иста возраст како и другите, ја напуштило новогодишната прослава неколку часа по полноќ, бидејќи рано наутро морало да оди на работа во скијачкиот центар Блидиње.

Уште едно од децата требало да оди со него на работа, но тоа останало и никогаш не стигна на работното моесто.

Единствениот преживеан од славениците за трагедијата дознал следното утро, а е во состојба на шок, па го однеле дома во Ракитино.

Ракитино и неговите жители се завиени во црно, по трагедијата.

Хрватските медиуми го објавија идентитетот на осумте млади луѓе кои загинаа на новогодишната ноќ, сите имале по 19 години:

И.М., роден на 29.08.2001 година во Посушје, со живеалиште во Поклечани, Посушје, С.Р. роден на 27.09.2001 година во Посужје со живеалиште во Поклечани, Посушје, М.Р. роден на 8 септември 2001 година во Швајцарија со живеалиште во Посушје, Ш.П. роден на 15.09.2001 година во Сплит со живеалиште во Врпое, Посушје, М.С. роден 4.8.2001 година. во Сплит со живеалиште во Сутина, Посушје, С.П. роден на 22.09.2001 година во Мостар со живеалиште во Врпое, Посушје, М.П. роден на 16 април 2001 година во Сплит со живеалиште во Врпое, Посушје, С.Ј., роден на 9 август 2001 година во Мостар со живеалиште во Батин, Посушје, пишува „Слободна Далмација“.

„Трагедија невидена! Можете да змислите што значи тоа за ова место од 1.500 жители. Сите се иста генерација, се знаеја и се дружеа од мали нозе, а на сите семејствата им се роднински поврзани или се први соседи. Бог да чува!“, вели еден од жителите на Ракитино, за Аваз.ба.

„Сите зборуваат за агрегатот. Едни велат бил на нафта, други плински. Несреќната младост очигледно ја занемарила опасноста од него и го оставиле да работи во куќата. Греката била кобна“, вели соговорник за „Слободна Далмација“.

Босна и Херцеговина утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост, а околијата на Посушје има тридневна жалост. Знамињата се на пола копје, а бројни жители излегоа на плоштадот и палеа свеќи за починатите.