Молњи предизвикаа невидени пожари во Калифорнија (фото)

Молњи предизвикуваат невидени пожари во Калифорнија, јавуваат светските агенции. Запалени се многу куќи, а евакуирани се десетици илјади луѓе, откако речиси 11.000 удари на гром беа регистрирани во текот на 72-часовниот период оваа недела.

Се смета дека ова е најтешкото невреме проследено со грмотевици што ја погодило Калифорнија за повеќе од една деценија предизвикувајќи 367 пожари. Околу 20 од нив ескалираа во огнени стихии, соопштија властите.

Пожарникарите од вчера се борат со десетици нови пожари низ Калифорнија, сојузната американска држава која е погодени од историски топлотен бран.

Во централниот дел на Калифорнија, хеликоптер беше кој беше во мисија да гаси пожари се урна на 260 милји јужно од Сан Франциско, при што загина пилотот, соопштија надлежните.

Огнена стихија предизвикана од спојување на девет пожари, зафати ридско-планинско подрачје од 18.600 акри околу Ферфилд и соседниот град Вакавил во вторникот вечерта и средата наутро, при што биле уништени се најмалку 50 куќи и други згради, а други 50 се оштетени.

Пожарите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, по што гувернерот прогласи вонредна состојба.

Државната противпожарна служба наведува дека во 30-ната  пожари во Калифорнија се зафатени вегетација, автомобили и куќи, а  опустошени се најмалку 48.500 хектари, од кои некои се во близина на Лос Анџелес и Сан Франциско.

Илјадници луѓе се евакуирани северно и јужно од Сан Франциско, каде што се двете најголеми жаришта.

Пожарите се шират по патиштата, а експлозиите на гасни цевки ги принудија жителите на неколку куќи во општината Вакавил итно да се евакуираат. Полицијата од овој град, со 100.000 жители во близина на Сакраменто, на Твитер го објави повикот за евакуација.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њузом, во вторникот прогласи вонредна состојба за да ја гарантира достапноста на виталните пожарникарски ресурси, влошени од досега невидениот топлотен бран на Западниот брег, како и од силниот ветер.

Речиси 30.000 домови во Калифорнија се без електрична енергија поради прегревање на електричните инсталации.