“Молам? И да? Ух.”: Како реагираше францускиот репрезентативец за поразот на Германија од Јапонија


 

Големо изненадување направија фудбалерите на Јапонија во првото коло од групата Е на Светското првенство.

Победата на Јапонија против Германија одекна низ целиот свет, вклучително и меѓу учесниците на Мундијалот.

Имаше и такви кои поради обврски, било да се тренинзи или прес-конференции, не стигнале да го гледаат натпреварот, па резултатот го дознале подоцна. Меѓу нив е и Усман Дембеле, францускиот репрезентативец кој веста за поразот на Германците ја дозна на прес-конференција.

Еден од новинарите сакаше да го праша како ги коментира изненадувањата што се случуваат, алудирајќи на победите на Саудиска Арабија над Аргентина и Јапонија против Германија.

Кога слушна дека Германците изгубиле, Дембеле реагираше изненадено:

“Молам? И да? Ух.”

Неговата реакција е тешко да се опише, најдобро е да го погледнете видеото.