Моќниот комесар за трговија на ЕУ Фил Хоган поднесе оставката по скандалот „Голфгејт“

Комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган, поднесе оставка поради политичкиот скандал кој се случи околу неговата посета на вечера за голф со што ги прекрши ограничувањата за корона вирусот во Ирска, дознаваат светските агенции

Хоган ќе ја објави својата оставка на ирскиот радиодифузер РТЕ подоцна во среда.

Одлуката на Хоган да се повлече од една од најмоќните работни места во Брисел, претставува голем удар за Европската комисија затоа што Ирецот се сметаше за искусен политичар, кој имаше сериозна моќ за преговори.

Хоган (60), кој е комесар во два мандати, првично избегна да се извини и остана на својата работа неколку дена откако минатиот четврток се појавија вести за настанот на друштвотоза голф во ирските весници. Неговата позиција стана сѐ повеќе неизвесна по големото јавно негодување во Ирска околу перцепцијата дека високи политичари и судии ги кршеле правилата за корона вирус додека очекуваат граѓаните да се држат до нив.