МОК бара целосен спортски бојкот на Русија и Белорусија


Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека сите меѓународни спортски федерации треба или да ги откажат или да ги преместат сите спортски настани кои треба да се одржат во Русија или Белорусија, поради руската инвазија на Украина.

– Извршниот комитет на МОК денеска уште еднаш најостро го осуди прекршувањето на олимпиското примирје од страна на руската влада, која во тоа ја има поддршката од белоруската влада. Меѓународните спортски асоцијации треба да го земат предвид тоа кршење на олимпиското примирје и да дадат приоритет на безбедноста на спортистите, соопшти МОК.

Од МОК, исто така, побараа руското и белоруското знаме да бидат отстранети од меѓународните спортски настани.