Могерини разговараше со лидерите од Западниот Балкан за регионалната соработка


Високата претставничка за надворешна политика на Европска Унија денеска се сретна со премиерите на пет земји од Западниот Балкан и со претседателите на Црна Гора и од Косово, соопшти од нејзиниот кабинет.

На средбите станало збор за состојбите во регионот и е „повторена важноста на регионална соработка и добрососедските односи и помирувањето, за кои Преспанскиот договор претставува историски пример“, стои во соопштението.

Могерини со лидерите разговарала и за идните перспективи на земјите на патот кон ЕУ.

Могерини ќе присуствува на неформалниот самит организиран од страна на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, со шесте земји од Западниот Балкан, заедно со премиерите на Хрватска и на Словенија.