Модриќ: Повредата не е сериозна

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се уште чувствува болки во ногата по ударот кој го доби на натпреварот Велс – Хрватска, но уверува дека повредата не е сериозна.

Модриќ со оваа изјава ги смирува фановите и сите во неговиот клуб Реал Мадрид, бидејќи за помалку од две недели Реал треба да гостува против Барселона, и евентуалното отсуство на Лука би бил хендикеп.

– Вилсон ме удри со коленото, се надевам дека не е ништо сериозно. Контузијата боли, уште е свежа повредата, но ќе видиме како ќе биде за некој ден. Мислам дека не е тешка повредата. Не знам што ќе кажат од Реал, верувам дека нема долго да бидам надвор од теренот, верувам дека не е сериозно, изјави Модриќ кој веројатно нема да игра во следното коло од шпанската лига против Мајорка, но потоа би настапил против Галатасарај во ЛШ и Барса во „Ел Класико“.