Модна ноќ на невести на 8 февруари во „Мериот“ во Скопје


По осми пат, на 8 февруари  во „Скопје Мериот Xотел“ идните невести ќе го избираат совршениот фустан  на вечерните ревии од затворен тип и на шоурумови од отворен тип на традиционалната  „Модна ноќ на невести“, во организација на Моден викенд Скопје, дознава „Независен“.

Најавени се над 10 учесници од земјата и регионот на вечерта која е комплетно посветена на свадбениот ден. Новитет се шоурумовите што ќе траат цел ден, каде на лице место ќе може да се погледаат и купат невестински креации со големи попусти.

„Македонските невести имаат се пософистициран вкус кога е во прашање венчалниот фустан, сѐ посмели се во својот избор и ги следат светските трендови. Во ерата на социјалните медиуми и брзото живеење одлуката за вистинскиот модел знае да биде тежок избор и затоа со модните ревии сакаме да им го олесниме. Освен фустанот, на настанот можат да ги најдат сите други неопходни нешта за организација на тој важен ден “, велат организаторите.

Тимот работи и со полна пареа и на кампањата за промоција на „Модна ноќ на невести“ која, како што велат организаторите, ќе биде вистинско изненадување за јавноста.

Фото: Б. Грданоски