„Модерна“ очекува ЕУ да ја одобри нејзината вакцина до 12 јануари

 

Фармацевтската компанија „Модерна“ очекува Европската Унија да ја одобри употребата на нејзината вакцина против корона вирусот до 12 јануари, изјави регионалниот директор на „Модерна“ за Европа, Дан Станер.

Тој за германскиот весник „Штудгартер Цајтунг“ рече дека комапнијата е подготвена да почне изпорака на вакцината веднаш по одобрувањето во ЕУ.

„Очекуваме одобрение за ЕУ, а со тоа и за Германија, на 12 јануари. Штом добиеме одобрение, може да испорачуваме“, истакна Станер.