Моден викенд Скопје: Барбика во публика


20.Моден викенд во Скопје поминува во знакот на убави манекенки на писта и убави дами во публика. Ревиите се посрамежливи од претходните сезони, додека женските атрибути беа откриени максимално, формата на женското тело и пропорциите беа истакнати до милиметар во првите редови во Музејот на град Скопје. Жената како вечна инспирација на ревиите и меѓу гостинките беше ту женствена, ту разиграна, ту авангардна.

Викендов продолжуваат муабетите кој имаше најубава колекција на модниот настан, кој имаше најмногу гости, кој дизајнер дојде на ревија на друг дизајнер, која беше најубава манекенка… До следната сезона напролет, во организација на Света Богова-Јовановска. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски