Моден викенд како шоурум: Скопје не може без мода (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Место со класични ревии Моден викенд-Скопје три дена ќе ја слави модата со продажен шоурум, арт инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Списокот учесници на ‘CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM’ го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како Irina Tosheva, Evgenija Zafirovska, Terziya, Stefanija Naseska, Para Todos, Minnimal MK, Kotev Ksenija, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Senka, Lipa, Saksija Urban Pots, Siidess Furniture…Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот ‘See now – Buy now’.

Фото: Б. Грданоски

Вечерва на отварањето во Јавна соба уредена по светски стандарди (браво Света и тимот), во весела атмосфера имаше дружење и муабети со маски, дотерани гостинки, растрчани келнери, пијачки покрај шанк или на воздух, и креации во духот на „свесна мода“.

Фото: Б. Грданоски

„Заедно со нашите партнери берлинската консалтинг агенција ONLYAFEW направивме внимателна селекција на современи дизајнери и брендови кои вреди да ги види широката публика. Главна цел како организациски тим ни е да им пружиме максимална поддршка на креативните дејци во моментот, фокусирајќи се на врвните имиња, но и на новите таленти кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата. Тие се модните херои на денешницата, бидејќи позитивно влијаат на свеста на заедницата“, велат од Моден викенд-Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Влезот е слободен од 10 до 22 часот во петок (02.10) и сабота (03.10). (Л.С.)

 Фото: Борис Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски