Моден камелеон: Селин Дион непрепознатлива во „Харперс Базар“


САД – Поп-ѕвездата Селин Дион (51) заблеска со нова фризура и потемна боја на коса на насловната страница од септемвриското издание на американското издание на „Харперс Базар“. Модната икона својата страст за висока мода и експерименти ја однесе до повисоко ниво, по замисла на глобалната модна директорка Карин Ротфилд и фотографот Марио Соренти.

Дион позираше за посебното издание на списанието „Модни икони“  кои со својот стил и успех ги поместија границите во модата и во шоу бизнисот.

На фотосесијата ѕвездата со канадско потекло носи облека на брендови како Марк Џејкобс и Александар Меквин.

Драстичната промена на изгледот на Селин предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.