Модели го обвинија дизајнерот Александер Ванг за недолично однесување


САД– Откако неидентификувани манекени го обвинија славниот дизајнер Александер Ванг (37) за недолично однесување, портпаролот на неговата компанија одби да даде коментар .

Контроверзноста започна со пост на S-t Model Mgmt, на кој пишуваше: „Александер Ванг е наводен сексуален предатор, многу машки модели и транс модели излегоа и зборуваа за наводната сексуална злоупотреба на Ванг кон нив. Важно е да ја покажете својата поддршка на овие жртви со тоа што ќе ја бојкотирате неговата линија за облека “.

Во видео објава на Твитер профилот на страницата, неидентификувано машко лице рече додека бил на настапот на раперот Купкејк во преполн клуб од Њујорк во 2017 година, едно момче „почнал да го допира“ Тој додаде дека погледнаl лево, и видел дека тоа е „овој навистина познат моден дизајнер и не можел да верува дека тој му го прави тоа“. Сепак, тој не го именуваше дизајнерот во видеото.

Од вчера попладне, видеото беше прегледано 55.600 пати.

Алијансата на модели вчера на своите социјални мрежни канали објави порака за солидарност со обвинувачите на Ванг. Недостатокот на транспарентност и отчетност во модната индустрија ги остава сите модели ранливи на злоупотреба, без оглед на нивниот пол или родов идентитет. ”

Адвокатот Харли Левин, кој работеше на случаи со интелектуална сопственост со Ванг во минатото, изјави дека луѓето лесно можат да бидат изложени на јавно срамотење само со навод на Интернет. „ Јас едноставно би порачал на луѓето да им се даде соодветен кредибилитет да бидат сослушани од обете страни. И дека луѓето се воздржуваат од донесување пресуди засновани врз наводи и поплаки за јавни изјави во печатот “.

Иако Левин не го претставува Ванг, тој рече дека сè уште го смета за „пријател и колега, а исто така и за неговиот тим. Знам дека е многу пријатна, внимателна грижлива личност “.

Ванг во 2008 година беше награден од ЦФДА, Советот на модни дизајнери на Америка, а од 2012 до 2015 беше креативен директор на „Баленсијага“, а сега има сопствен бренд. Тој е омилен дизајнер на холивудските ѕвезди од А-листата.Неговото богатство е проценето на 90 милиони долари.