Мобилизацијата во Русија сега ќе биде преку електронски пораки, се забранува патување во странство
Државната дума на Руската Федерација по брза постапка во второ и трето читање ги усвои амандманите со кои се регрутацијата преку електронска пошта преку интернет портал. Со измените во законот треба да се олесни мобилизацијата, бидејќи Русија се обидува да го отежне избегнувањето на регрутирањето.
Откако ќе добијат електронска покана, на граѓаните кои нема да се појават во воениот упис, автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство.Електронските покани ќе имаат ист ефект како и поканите испратени по препорачана пошта и известувањата преку работодавачот. Електронската покана ќе се смета за доставена од моментот кога ќе биде објавена на личната адреса на Државните служби.
По добивањето на поканата (вклучително и во „Државните служби“), ќе биде неопходно мажите да се појават во канцеларијата за воена регистрација и упис во назначеното време. Во спротивно, по 20 дена на „избегнувачите“ ќе им биде забрането да управуваат возила, да продаваат и купуваат недвижен имот, како и да добиваат кредити.
Дополнително, измените им забрануваат на „граѓаните кои подлежат на регрутација за воена служба“ да ја напуштат Русија од моментот кога ќе ја добијат поканата додека не се појават во канцеларијата за воена регистрација и упис.
Со усвоениот пакет измени се предвидува и создавање на унифициран регистар на лица соодветни за воена служба. Податоците за лицата одговорни за воена служба ќе бидат пренесени, меѓу другото, од Федералната даночна служба, телата за истрага, судовите, медицинските установи, Фондот за пензиско и социјално осигурување, ЦИК, федералните и локалните власти, како и повисоките образовните институции.