МНТ ќе ги донира парите од две претстави за Леонид


Македонскиот народен театар (МНТ) со хуманитарна изведба ќе го одбележи својот 79-ти роденден, а парите од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов.

Ќе се изведуваат претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“.

Претставата „Силјан Штркот Шанца“ е инспирирана од истоимената македонска народна приказна од Марко Цепенков.

„Ние сме птици“ е моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, а го истражува и идентитетот за тоа кои сме или мислиме дека сме.