МНР: Вандалскиот акт во Солун нема да влијае на односите со Грција


Фото: Б. Грданоски
 

Во врска со вчерашниот инцидент во кој на вандалски начин беше опожарено возило од Генерален Конзулат на Република Северна Македонија во Солун, Министерството за надворешни работи соопшти дека е во редовна комуникација со нашиот Конзулат и со надлежните институции на Република Грција.

-Нашиот Конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, запалено било и второ возило на различно место во градот. Двата случаја се предмет на истрага, со цел да се откријат извршителите и мотивите, кои цениме дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава.  Исто така, веруваме дека овој вандалски акт на ниту еден начин нема да влијание врз одличните добрососедските односи меѓу двете пријателски земји, стои во соопштението на МНР..