МНР протера руски дипломат од Македонија
Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската амбасада во Северна Македонија за непожелна личност.
„Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија“, стои во соопштението на МНР.
Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.
Нема објаснување зошто се случува ова и аккви активности преземал овој дипломат или дали е тоа заеднички одговор на НАТО.