Покетино: Многу е тешко кога немате борбен состав
Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино пред натпреварот на „сините“ во Лондон против Евертон во понеделник, зборуваше за големиот број повредени во составот, а неодамна во „амбулантата“ влегоа и Енцо Фернандез и Аксел Дисаси.
-Овие двајца не тренираат, не знаеме дали ќе можат да играат. Праведно е да се има борбено подготвен состав. Не можеме да докажеме дека сме добар тим и дека можеме да се бориме за големи работи. Многу е тешко кога немате борбено подготвен состав. Сакаме да ја зголемиме конкуренцијата меѓу играчите, но тоа не е оправдување, изјави денеска менаџерот на Челси.
Тој, исто така, се наврати на ремито 2-2 со Шефилд Јунајтед минатиот викенд.
-Кога се соочуваме со тимови како (Манчестер) Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем или Ливерпул, тимот покажува добар квалитет. Проблемот е што не сме постојани. Кога анализираме, недостигот на зрелост навистина се покажува, но само со текот на времето можеме да го постигнеме вистинскиот баланс, истакна тренерот.
Покетино особено ја пофали академијата на Челси.
-Ги каниме младите играчи секоја недела да тренираат со нас, тоа е одлична можност за нив. Челси има една од најдобрите академии во Англија, ако не и во светот. Наша одговорност е да се грижиме за овие момчиња и да им обрнеме внимание. Еден ден ќе имаат можност да играат во тимот, само треба да продолжат да тренираат, да бидат доследни. Можеме да го видиме нивниот развој од натпреварувањето со постарите играчи, додаде Покетино.