МНР апелира да не се патува во Украина, а тие што се таму да се вратат во земјава


Избегнувајте ги патувањата во Украина, а доколку сте таму во најскоро време да ја напуштите земјата.

Таков апел денеска испрати Министерството за надворешни работи до македонските граѓани поради влошувањето на ситуацијата околу можноста во Украина да избие вооружен судир.

Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на телефонските броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Денеска САД објавија повик до американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина.