Мнозинството руски лекари не би сакале да ја примат набрзина одобрената вакцина


 

МОСКВА – Поголемиот дел од руските лекари не би се чувствувале пријатно да им биде инјектирана новата руска вакцина против Ковид-19, поради недостаток на доволно податоци за тоа и супербрзата согласност, покажа истражувањето на повеќе од 3.000 медицински професионалци во петокот.

Русија соопшти дека првата вакцина во светот за новиот корона вирус ќе почне да се применува до крајот на овој месец, а лекарите се меѓу оние што треба да бидат администрирани со неа врз доброволна основа.

Вакцината, наречена „Спутник V“, во знак на почит на првиот светски сателит, лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, сè уште не ги завршила своите последни испитувања, а некои научници рекоа дека се плашат дека Москва може да го стави националниот престиж пред безбедноста.

Анкетата на 3.040 лекари и специјалисти за здравствена заштита, спроведена од мобилната апликација „Лекарски бележник“ и цитирана во петокот, покажа дека 52 отсто не се подготвени да се вакцинираат, додека 24,5 проценти рекле дека се согласуваат да ја примат вакцината.

Само една петина од испитаниците изјавиле дека вакцината ја препорачуваат на пациенти, колеги или пријатели.

Нивните негодувања ги делат некои Руси кои велат дека се премногу исплашени да ја испробаат вакцината, додека други се согласуваат со својата влада дека скептицизмот изразен од странски експерти е воден од љубомора.

Одобрението на руската вакцина доаѓа пред испитувања во кои вообичаено би биле вклучени илјадници учесници, попозната како Фаза III. Ваквите испитувања обично се сметаат за основни претходници на вакцина за да се обезбеди регулаторно одобрување.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека вакцината, изработена од московскиот институт „Гамалеја“, е безбедна и дека е администрирана на една од неговите ќерки. (Ројтерс)