(Галерија) Многу забава на Средноленд на плоштадот „Македонија“


Средноленд на плоштад (Фото: Б. Грданоски)
Денес почна новата средношколска манифестација – Средноленд, која за првпат се одржува оваа година, со цел поттикнување на средношколците да ги претстават своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм.
Средноленд (Фото: Б. Грданоски)
 
На Плоштадот „Македонија, во КИЦ, МКЦ и кај Школка во Градскиот парк, учениците ги покажаа своите таленти. Добра забава за сите средношколци, но и за минувачите.
Средноленд (Фото: Б. Грданоски)
 
Талентираните ученици со поддршката и мотивацијата која ја добиваат од средните училишта на Град Скопје имаат можност да се докажат во повеќе сфери.
Средноленд (Фото: Б. Грданоски)
 
Манифестацијата се одржува во организација на ЈУ Универзална сала, со финансиска поддршка од Град Скопје, а иницирано од професори и ученици од градските средни училишта.
Средноленд (Фото: Б. Грданоски)
 
Повеќедневниот настан се одвива од 2 до 6 мај, на повеќе локации во градот и тоа на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Школка.