Многу тепачки низ земјава: Настрадале малолетници, затвореници, полицајци


Полицискиот билтен денеска изобилува со физички пресметки, во кои настрадани се малолетници, но и полицајци и затвореници.

Така, вчера во 22.50 часот од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода А.И.(22) и С.И.(49) двајцата од Тетово поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, а во врска со претходна пријава во 18.40 од Џ.М.(26) и Б.М.(24) двајцата од с. Горно Палчиште, тетовско дека околу 18.00 часот во Тетово по претходна расправија биле физички нападнати од три лица од кои едниот со остар предмет му нанел повреди на Џ.М. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветн поднесок.

Истиот ден, во 15.00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(41) од Скопје пријавила дека на 11.12.2020 во 21.20 часот на паркинг во населба Илинден нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од други две малолетнички.

Во петокот, околу 17 часот во СВР Скопје, С.И., вработен во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ пријавил дека околу 14.30 часот во Казнено поправна установа„Затвор Скопје“, осуденикот З.П.(36) бил физички нападнат од четири лица.

Во саботата, во 23.01 часот во СВР Скопје, Љ.С.(19) од Скопје пријавил дека околу 22.30 часот во близина на Транспортен центар Скопје бил физички нападнат од Т.Х. и уште неколку лица.

Истиот ден,во 21.40 часот во СВР Скопје, Н.И.(52) од Скопје пријавил дека околу 21.15 часот на бензиската пумпа на автопат Петровец- Скопје на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од А.З.

Околу 14.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на Градскиот стадион во Струга , 17-годишник од Струга бил физички нападнат од С.С.

Во 3.10 часот од полициски службеници од СВР Струмица приведен е И.Р.(38) од Велес, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“, а во врска со претходна пријава од А.А.(35) од Струмица дека околу 3 часот во Струмица нејзиниот невенчан сопруг И.Р. ја нападнал.

Околу 21 часот во Скопје на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода У.Ш.(45) од Скопје кој управувал комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, бидејќи физички нападнал полициски службеник.