Многу тепачки низ државава, се користат и ножеви и секири


Најчесто по кавга и расправија, многу граѓани изминатото деноноќие се тепале, а некои користеле и ножеви и секири.

Според билтенот на МВР, во неделата во 20.20 часот во с.Стајковци, скопско од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода П.В.(28), З.В.(53) и М.В.(23) сите од с.Стајковци, постапувајќи по претходна пријава од Т.В.(51) од с.Стајковци дека по претходно недоразбирање и расправија бил физички нападнат од пријавените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 21.30 часот во СВР Скопје, В.Г.(30) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во близина на трговски центар на бул. „Кочо Рацин“ додека бил заедно со М.Д. по претходна расправија бил физички нападнат со стаклен предмет од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во понеделникот, во 2.30 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 02.08.2020 околу 19.30 часот додека бил на неговото работно место во угостителски објект на бул. „Борис Трајковски“ по претходно недоразбирање тој и неговиот колега З.Т. биле физички нападнати од неколку лица, гости во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 околу 15.20 часот во СВР Скопје, С.К.(63) од с.Виниче, скопско пријавил дека околу 14.00 часот на ул.Трајче Здравковски по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Ж.З.(64) и Д.З.(39) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 13.00 часот во СВР Куманово, А.В.(33) од с.Билановце,кумановско пријавил дека на 01.08.2020 околу 19.30 часот на ул. 2 во населба „Бабин Дол“ во Куманово тој и К.В. по претходно недорзбирање биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 околу 17.05 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека на место во атар на с.Шопско Рударе,кратовско бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С. од една страна и Д.Ј. и З.Д. од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 03.08.2020 во 01,45 часот во Полициска станица Македонски Брод било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.Димитар Влахов по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(25) од с.Брест од една страна и М.С.(20) од Македонски Брод и Л.С.(20) од с.Белица од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 22,30 часот во СВР Штип, З.Д.(50) од Штип пријавил дека на автобуска постојка на ул. Железничка во Штип бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.08.2020 во 10,45 часот во Полициска станица Кочани, С.Н.(66) од с.Теранци, општина Чешиново-Облешево пријавил дека на 01.08.2020 околу 22,00 час во куќа во негова сопатвеност во с. Теранци бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга В.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.08.2020 во 00.20 часот во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека на 02.08.2020 околу 23.30 часот пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот откако претходно Б.В. со секира го повредил Д.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.