Многу корисно: Зошто не треба да го фрлите расипаното млеко?


Дури и да е расипано, млекото може да се користи за многу намени

Внимателно погледнете ја бојата на расипаното млеко, ако е во нормална боја, бело – уште може да се користи. Ако ја смени бојата, фрлете го.

Калциумот во млекото може да им помогне на растенијата да растат побрзо и да ги заштити од гниење.

Ако се прашувавте кои видови растенија најдобро се хранат со млеко, тоа се англиски бршлен, бегонија и африканска љубичица. Тоа е добар избор за заштита на зеленчукот, како што се тиквичките и доматите, особено ако ги одгледувате во градината.

Исто така, млечната киселина е совршен начин за подготовка на стек или бифтек. Бифтекот може да се остави во расипано млеко пред термичка обработка.

Секогаш можете да добиете кајмак од расипано млеко, а рецепти има многу.

Може да користите и млеко кое повеќе не е погодно за употреба како крем за лице. Измасирајте го лицето со расипано млеко, а потоа измијте го со вода. Резултатите ќе ги видите многу брзо.