„Многу е заморно да се следат трендови“. Бред Пит воодушевува со стилот на европската турнеја


Англија– Откако Бред Пит блесна во килт, односно машко здолниште, на берлинската премиера на новиот филм, овој холивудски бард не престанува да ужива во остатокот од европската промотивна турнеја. Актерот заедно со колегите од филмската екипа го промовираше „Bullet Train“ во Лондон, каде беше исклучително добро расположен.

Темно зелен костум од мек материјал со видливи жолти шевови и чудни детали како виолетов џеб или панталони налик на тренерки, Бред беше расположен и за акробации.

Берлин

Бред минатата година за Е!  изјави дека „Колку старееш, толку си пораздразлив, а удобноста станува најважна. Мислам дека е многу едноставно. Не сакам да изгледам наметливо, но ако се приближиш, ќе забележиш. Ми се допаѓа чуството на материјалот. Тие детали ми се важни. Многу е исцрпувачки да се следат трендовите“, објасни Бред.

Париз

Покрај здолништето во Берлин, Бред имаше и многу интересен лежерен костум во Париз. Изработен од удобен лен, но овој пат во нежно портокалова боја, популарната ‘боја на праска’.