ММФ има пари пари да ги задоволи барањата на членките за кредити

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд во средата соопштија дека пандемијата на коронавирус им носи големи напори на пазарните економии во развој, но се уверени дека Фондот има доволно ресурси за да ги задоволи нивните потреби.

Фондот е „малку подалеку“ од исцрпување на својот вкупен кредитен капацитет од еден билион американски долари и работи на идентификување на нови извори на финансирање и ликвидност за земјите-членки, изјавија официјалните лица на конференциски разговор со новинарите. (Ројтерс)