ММФ: Албанија не е подготвена за фискална амнестија, Владата мора да ја коригира


Износот што го најави ММФ всушност е колку целата квота која што Македонија ја има во фондот

 

Претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Албанија, Јан Сун, ја пренесе загриженоста на меѓународните претставници за законот за фискална амнестија.

На конференцијата одржана со министерката за финансии и економија Делинда Ибрахимај и гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, Сан рече дека ММФ внимателно го разгледал законот и го смета за „билет за излез од затвор за сите даночни обврски“.

Нагласи дека Албанија поради неразвиеност во некои елементи не е подготвена за овој предлог-закон и мора да го коригира.

-Го добивме законот откако излезе на јавна дебата и имавме наши коментари и загрижености. Предлог-законот може да се смета како „карта за излегување од затвор“ од сите даночни обврски. Владата треба да ја коригира амнестијата на доброволна проектна програма и да подготви закон кој ќе биде применлив. Даночниот систем со текот на годините треба да има уште поголем напредок и да ги зајакне своите капацитети. Моментално не е на ова ниво. Згора на тоа, во студиите што се направени на пазарите и земјите во развој, тешко е да се направат во такви услови каде што постои можност за перење пари и тероризам, изјави Сун.

И Европската Комисија претходно го кажа својот став дека е против предложеното законско решение за фискална амнестија „поради можноста за перење пари“, но владата и понатаму цврсто стои зад ова законско решение.