Младите Украинци – светски прваци во фудбал


Украина е новиот светски првак во фудбал во конкуренција до 20 години. Предмалку, во финалето во полски Лоѓ, Украинците ја совладаа Јужна Кореа со 2-1. Корејците поведоа уште во првата минута преку пенал, прецизен беше Ли. Но фудбалерите во сини дресови го свртеа мечот и со двата гола Владислав Супрјаха ги израдуваа многубојните сонародници на трибините и низ целата земја.