„Млади претприемачи“ – Платформа за финансиска поддршка на нови бизниси


Секој еден млад кој има идеја за младинско социјално претпријатие, но нема почетен капитал отсега ќе имаат можност преку платформата „Млади претприемачи“ да ги претстават своите иницијативи за социјални претпријатија и потоа да соберат финансиска поддршка од јавноста за нивна реализација.

„Млади претприемачи“ претставува алатка која е замислена како ресурс за нови, но и за постоечки иницијативи и нуди помош во секој чекор од процесот на реализација и промоција на бизнис идеја.

Процесот на претставување на Вашата идеја е брз и едноставен. Потребна е регистрација на платформата со креирање на кориснички профил.

Веб-платформата „Млади претприемачи“ е креирана од страна на Националниот младински совет на Македонија, со финансиска поддршка на ЕУ. Целта е да се поттикне економско зајакнување и развој на социјалното претприемништво, како модерен начин за самовработување на младите.