Млада скопјанка со остар предмет ја нападнала мајка си


 

Ноќеска, половина час по полноќ, во Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода М.Б.(26) од Скопје затоа што во домот со остар предмет ѝ нанела повреди на нејзината мајка и се однесувала агресивно кон членовите на семејството и полициските службеници кои вршеле службени д0ејствија.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.