МКС го осуди Боско Нтанганда за злостроства против човештвото


Меѓународниот кривичен суд денеска го осуди злогласниот командант на бунтовниците во Конго, Боско Нтанганда, попознат како „Терминатор“, по 18 точки од обвинението за злостроства против човештвото и воени злостроства, вклучувајќи и убиства, силувања и сексуално ропство.

Нтанганда е осуден заради улогата во злосторствата во крвавиот етнички судир од 2002 и 2003 година во Конго.

Нтаганда, кој во текот на судењето изјави дека не се чуствува виновен, се соочува со доживотна затворска казна, пренесоа западните медиуми.

Тој не покажуваше никакви емоции додека судијата претседавач Роберт Фремр ја читаше пресудата, наведоа агенциите.