МКЦ како модна писта: Убавите гостинки веќе не се кријат


Македонија има убави жени, гламурозни во својот екстрем, дотерани, по последна мода. Ги видовме , синоќа  на  модното шоу „Fashion fusion“, по повод 30 години јубилеј на модната компанија Магнетик.

Познати или анонимни, буквално, ги симнаа „маските“ од лицето за да не им се размачка пудрата и шминката, ги извадија високите потпетици, крзнените и кожни капути и елеци по „Ковид-сушата“ од гала настани, се дружеа, муабетеа, дегустираа пијалоци, коктели и ситни канапеи. Дизајнери, модели, бизнисмени, новинари..

Синоќа, шоуто замислено, на долниот и горниот кат на МКЦ, на стоење, привлече масовен број на публика која дојде да ги види најновите колекции од брендовите на „Магнетик“ , но и да ужива во настапот на поп-ѕвездата Тамара. Салите наликуваа на модни писти од славното гала-минато на Скопје, кога црвениот килим од отварањата, промоциите, премиерите, ревиите и коктелите соодвествуваа на статусот на гостите, кој не секогаш е еднаков со презентираниот вкус и стил на облекување. Не се дишеше, што од гужвата, што од тешките парфеми на гостинките , а и ревијата беше проследена со димни ефекти. До следниот гала настан на отворено. (Л.С.)