Мизрахи создаваше скандали во Министерството, оценува Маричиќ


Маричиќ на Алсат: Мизрахи не отвораше, туку создаваше скандали
 
За време на дебатата на Алсат телевизија во емисијата „Патот кон“ секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, изјави дека Рашела Мизрахи како техничка министерка за труд создавала скандали и работела противуставно.
Маричиќ изјави дека „Мизрахи не отвори скандали за претходничката, таа создаде скандали“. Тој оцени дека Мила Царовска за 600 проценти ја зголемила социјалната помош и дури 60 отсто ја зголемила минималната плата. Според него, ВМРО-ДПМНЕ се грижело само за газдите, „а ние се грижиме за работниците“. Тој тврди дека постапките на Мизрахи биле одобрени од партијата. „Таа ја доведе државата во ситуација да се прашуваме дали министрите од ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитуваат Уставот и законите. Ако може министерка да придонесе државата да се враќа во изолација, што може да се случи ако таква биде целата Влада на ВМРО ДПМНЕ?“, праша Маричиќ.
Според него, Мила Царовска била најуспешната министерка што ја имало тоа министерство.