Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски


Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Белата палата).

Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, пишува Јанчев на неговиот ФБ профил.

Пред неколку дена, Јанчев најави дека планира да се кандидира за претседател на партијата, но откако ќе поминат локалните избори (догодина во октомври) на кои планира да побара уште еден мандат за градоначалник од кавадарчани.

Уште еден услов за тој да се кандидира за претседател на партијата е лидерот да го бира членството, а не како до сега, само мал број членови на партијата.