Митева: Немаме нови информации за македонскиот државјанин кој бил во „Констелејшн“
Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјанин кој се води како исчезнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана.
– Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајцарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.
Стапено е во контакт со официјални претставници на Швајцарија и понудена е помош.
– Стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно да побараат помош, рече Митева и во име на Владата изрази жалење и сочувство за несреќата во Кран-Монтана.
Сè уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана